Вести
“Што повторно ме снајде“ нова монодрама-комедија на актерката Анѓелка Стевиќ Жугиќ во Национална Oпера и Балет, Скопје
ШТА МЕ ОПЕТ СНАЂЕ
Улоги: Анѓелка Стевиќ Жугиќ
Текст : Небојша Ромчевиќ
Режија:Петар Јовановиќ
“Што повторно ме снајде“ е нова монодрама-комедија на актерката Анѓелка Стевиќ Жугиќ.
Преку ликот и судбината на главниот лик Јованка Јока Јаковљевиќ, Анѓелка на духовит, смешен и малку ироничен начин ни раскажува за секогаш актуелната тема РАЗВОД, за животот и предизвиците со кои се бори една жена во доцните 30-ти години по разводот. Што треба да прави разведената жена, како да го најде својот „нов живот“ и “ново јас”? Околината е сурова, конкуренцијата жестока, понудата ретка. Борбата уште повеќе ја отежнуваат најмилите и најблиските луѓе со нивниот куп непотребни и честопати контрадикторни совети. Полудената и разведена Јока и нејзината шаренолика поддршка во форма на стручни советници – од најдобрите пријателки Цица и Мица, преку баба и мајка, до психолог и астролог.
Сите ликови ги толкува Анѓелка, во нејзиниот фуриозен и веќе препознатлив стил на одлична комичарка.
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=5579
ПР Објава радио Бум