Вести
Николовски- Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Куманово стана комитет за пример и почит
Вечерва сите покажавте дека општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ стана комитет за пример и почит, а во кој малкумина веруваа, кажа Бобан Николовски претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Куманово на отворањето на Централниот изборен штаб во Куманово.
-Во име на мотивацијата и енергијата вечерва ќе кажам еден цитат ,, Ако не направиме чекор напред ќе останеме на исто место, ако не тргнеме кон победата никогаш нема да ја имаме. Од утре сите со чекор напред и не се фокусирајте на проблемите фокусирајте се кон можностите, а Куманово заслужува повеќе можности, полошо никогаш не било, кажа Николовски.
-Апелирам до сите кумановци не се продавајте за ништо и во ниту една форма, многу помина малку остана. Каде беа досега истите оние кои ве бараат под дрво и камен, кажа Николовски.
Тој во своето обраќање кажа дека на Куманово многу му должат, а сега покажале и како треба се одолжат на своите гласачи.
-Дали знаете која е разликата што во последните две години се решаваат комунални и инфраструктурни проблеми во населбите и зошто порано не било решено. ВМРО ДПМНЕ е разликата и има влијание во општината, го сменивме концептот на градоначалниците за сите гласови кои жителите од населбите ја даваат на ВМРО ДПМНЕ, кажа Николовски.
-Колку е поголема победата на ВМРО ДПМНЕ толку ќе е побрза трансформацијата во институциите и вржавата шансите за уцена ќе бидат невозможни, порача Бобан Николовски претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Куманово.
Сузана Андоновиќ