Вести

Мицкоски-ВМРО ДПМНЕ ќе оствари двојна победа на изборите, Гордана Силјановска Давкова единствен кандидат за претседател

Мицкоски-ВМРО ДПМНЕ ќе оствари двојна победа на изборите, Гордана Силјановска Давкова единствен кандидат за претседател

На 24 април и 8 ми мај ќе славиме заедно двојна победа и за претседател и за 61 пратеник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, затоа е време да се обединиме и заедно од човек на човек од врата на врата да ја спасиме нашата мајка Македонија, порача вечерва претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски кој го отвори Централниот изборен штаб во Куманово.

Мицкоски во Куманово кажа дека единствениот кандидат за претседател на државата од ВМРО ДПМНЕ е професорката Гордана Силјановска Давкова.

-Денес заврши јавниот повик за кандидат за претседател. Идниот претседател на Македонија е професорката Гордана Силјановска Давкова, кажа претседателот на ВМРО ДПМНЕ.

– Периодот што претстои ќе биде значаен за Македонија и за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. Оваа се историски моменти, и неделите пред нас ќе бидат од историско значење. Секој ден до 8 ми мај ќе биде значаен за одлучување за иднината на Македонија за следните децении. Оваа борба која ќе ја водиме заедно со вас ќе биде запишана во историјата, а ќе значи егзистенција за Македонија. Во спротивно предупредувам дека постои опасност да не ја знаеме државата онаква каква ни ја оставија нашите предци, илинденците, партизаните и основоположниците на ВМРО ДПМНЕ, кажа Мицкоски во Куманово.

– Тука сме сите кои ја сакаме Македонија, а од друга страна се оние кои ја опљачкаа, понижија, продадоа. Нема трета опција и секој кој вели дека има ве лажат. Тие работа за оние кои за 6 ипол години ја клекнаа Македонија и ја понижија. Нема трета опција, тоа се лажни патриоти и популисти.

Во 2021 од позиција на опозиција ВМРО ДПМНЕ и коалицијата успеа да победи на локалните избори во октомври 2021 година, тогаш малкумина веруваа дека 44 титани во собранието ќе издржат и ќе останат доследни и нема да дозволат промена на устав под бугарски диктат.

Јас сум убеден дека следните 61 пратеници ќе останат доследни за достојна просперитетна и напредна Македонија. Сите тука сме се родиле, сме ги формирале нашите животи и тука ќе го завршиме нашиот живот, со ехо за Македонија. Во прашање е Македонија, нашата дедовина нашата мајка. Убеден сум во победа во Куманово и тука нема да застанеме, а во октомври 2025 година ќе бидам најсреќен да го добиеме нашиот градоначалник од ВМРО ДПМНЕ во Куманово.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

February 21st, 2024

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *