Вести
Син запалил куќа на татко, полицијата го приведе
На 28.01.2024 во 11.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.С.(47) од Куманово. Тој се сомничи дека предизвикал пожар во куќа на улица „Анѓа Ранковиќ“, сопственост на неговиот татко И.С..
Н.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Куманово.
Сузана Андоновиќ