Вести
Бојмацалиев : Нашата задача е да обезбедиме транспарентен, фер и слободен изборен процес, во кој секој граѓанин ќе може слободно да го изрази своето мислење и право на избор
Дополнителен заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, денес на првиот ден од техничката влада се обрати до граѓаните и кажа дека целта во наредните сто дена на оваа влада ќе биде да обезбедат транспарентен, фер и слободен изборен процес, во кој секој граѓанин ќе може слободно да го изрази своето мислење и право на избор.
- Денеска стартува техничката Влада на Република Северна Македонија, задолжена за спроведување на фер и демократски изборен процес, а во која ја извршувам должноста дополнителен заменик министер за внатрешни работи.Во овој контекст, сакам да ги истакнам моите и напорите на мојот тим за заштита на личните податоци на граѓаните и за зајакнување на капацитетите на полицијата, со цел обезбедување на мирен тек на изборите. Со подготвеноста и професионалноста на вработените, нашата задача е да обезбедиме транспарентен, фер и слободен изборен процес, во кој секој граѓанин ќе може слободно да го изрази своето мислење и право на избор.Во оваа прилика, дозволете да бидам категоричен – очекувам работење исклучиво по закон од страна на вработените во МВР. Вие не должите никому ништо и очекувам да не подлегнувате на било каков притисок или уцена. На крајот, сакам да истакнам дека спроведувањето на европски избори е одраз на нашата зрелост како демократско општество. Тоа е доказ за нашата посветеност кон демократските вредности и нашиот напредок кон Европската Унија. Да организираме европски избори како што беа и претходните и со заеднички напори да продолжиме да градиме силна, стабилна и демократска Република Северна Македонија, со гарантиран пат кон Европската Унија, изјави Бојмацалиев, дополнителен заменик министер во Министерството за внатрешни работи.
Сузана Андоновиќ