Вести
Митко Бојмацалиев, од Куманово, шеф на кабинет на министерот Оливер Спасовски е кандидат за дополнителен заменик-министер на МВР во техничката влада
Одлуката за утврдување на кандидати за министри, заменици министри и дополнителни заменици министри во Техничката влада од редовите на СДСМ е донесена на Централниот одбор.
Честитки до шефот на кабинет во МВР, упати и министерот Оливер Спасовски, кој вели дека Бојмацилиев со досегашниот придонес во трансформацијата на „МВР за граѓаните” веќе се етаблирал како столб на МВР.
„Убеден сум дека со него како дополнителен заменик министер за внатрешни работи – МВР останува во сигурни раце“, објави Спасовски.
„Продолжуваме со „МВР за граѓаните” – транспарентна и отчетна полиција, која нема да биде во служба на ничиј друг интерес освен на граѓаните. Тоа е концептот по кој се раководам и за кој ќе се борам и по 28 јануари 2024 година. Искрена благодарност до членовите на Централниот одбор на СДСМ, за укажаните чест и доверба да бидам дополнителен заменик министер во МВР“, објави Бојмацилиев.
Сузана Андоновиќ