Вести
Поправен нефункционалниот мост кај село Војник, парчиња бетон кои виселе од мостот биле директна опасност за возилата на магистралата
По укажувањето за опасност од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно добиените дојави од граѓани на Единствениот број за итни случаи 112, е отстранета опасноста од парчињата бетон што висеа на долниот дел од нефункционалниот, а сепак постоечки мост – надвозник кај с. Војник, над прометниот магистрален патен правец Куманово – Крива Паланка (А2). Конкретно, екипи на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (ЈПОЗМРП), согласно нивните процедури, опсервираа и потоа излегоа на терен и плански ги отстранија опасните парчиња бетон што висеа од по целата должина на мостот и повремено паѓаа на патот.

По извршената работа за отстранување на опасноста, ЈПОЗМРП го извести ЦУК со административно писмо дека е постапено по Решението на ЦУК со задолжение за постапување во определен временски рок, а и со прилог со фото документација на состојбата на мостот-надвозник пред и после нивната интервенција за отстранување на опасноста. Инаку, опасните бетонски парчиња, а и тие што претставувале потенцијална опасност, биле рачно отстранувани од вработени качени на дигалка, со наизменично затворање на една лена за сообраќај на прометниот магистрален пат, со многу кратки прекини на сообраќајот што безбедно бил регулиран со помош на знаменца и луѓе, а и со вообичаените знаци за работа на пат, од страна на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта ЈПОЗМРП, информираат од Центарот за управување со кризи.
Сузана Андоновиќ








