Вести
Од денеска па додека не се донесе конечна одлука, на граѓаните не смее да им се бара податок за националноста во изводите за родени, венчани и починати
Времената мерка доаѓа по одлуката на уставните судии да поведат постапка за уставноста и законитоста на три одредби од Законот за матична евиденција со кои се предвидува графата националност.
-Според судот припадноста кон одредена нација е приватно и внатрешно чувство на секој поединец и е негово право да одлучи дали ќе биде припшадник на одредена нација, дали ќе се изјасни за сопствената националност, но и да се повика на правото да не се изјаснува по ова и токму поради тоа е поведена постапката,-изјави – Христина Беловска – Портпарол на Уставен суд.

За иницијативата поднесена од политичка партија се дискутираше во јули, но за одлука мнозинство тогаш немаше.
-Од денеска па се додека судот не ја донесе конечната одлука, не семат од граѓаните да се бараат вакви податоци за националност за впишување на националност во изводите за родени, венчани и имрени лица, со оглед на тоа дека е донесена т.н времена мерка,-изјави – Христина Беловска – Портпарол на Уставен суд.
Графата за национална припадност беше воведена со одлука на министерот за правда Кренар Лога во мај годинава. Тој објави упатство за матичните служби врз основа на закон од 95-та година, што беше оспорен пред Уставниот суд кој го поништи поради тоа што не бил испочитуван рокот за негово објавување. Уставен побара и мислење од Вецијанската комисија која како пример ги посочила Србија и Хрватска каде тоа е по избор на граѓаните, додека во сите земји од ЕУ воопшто нема графа за национална припадност во изводите.
Сузана Андоновиќ








