Вести

Уште една измама за набавка на огревно дрво во Куманово

Уште една измама за набавка на огревно дрво во Куманово

Уште една пријава за измама при купување огревни дрва евидентира кумановската полиција. Последната измама беше регистрирана вчера, информираа денеска од СВР Куманово. И овој пат повозрасна жена и нејзиниот сопруг се жртви на измама.

Случајот во полицијата вчера во 12: 30 го пријавила 82-годишна жена од Куманово.

– Таа пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 9.000 денари. Според пријавеното, лицето и понудило огревни дрва и откако се договориле, нејзиниот сопруг со лицето се упатиле на местото каде наводно биле складирани, но лицето подоцна се вратило и ѝ кажало дека камионот со дрва се расипал и ќе му требаат парите за поправка и таа му ги дала парите. Подоцна, нејзиниот сопруг се вратил без дрва, по што сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од кумановската полиција.

На подрачјето на Куманово лани беа евидентирани 14 измами. Од полицијата објаснуваат дека сторителите доаѓаат во домовите, обично на повозрасни лица, ги доведуваат во заблуда со лажно прикажување на факти дека продаваат огревни дрва, ги наведуваат да им ги платат под изговор дека камионот со огревни дрва е во близина и дека ќе им бидат донесени, ги земаат парите, не им носат дрвата и заминуваат.

– СВР Куманово континуирано презема превентивни мерки и апелираме до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните кога непознати лица им нудат огревни дрва за пониска цена од продажната, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на бројот 192, велат од СВР Куманово. 

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

December 19th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *