Вести

Прва самостојна изложба „Улица“ на авторот Младен Трендевски во Куманово

Прва самостојна изложба „Улица“ на авторот Младен Трендевски во Куманово

Првата самостојна изложба „Улица“ на авторот Младен Трендевски -Трендо ќе биде отворена вечерва со почеток во 19: 30 часот во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово. Тој е еден од творците на преубавите графити низ Куманово и останатите градови од државата, а и пошироко. Неговите мурали предизвикуваат восхит кај граѓаните.

Како што посочува уметникот, ова е прво претставување на графитите и уличната уметност на изложба.

– Ново искуство за мене. Се надевам дека изложбата ќе биде посетена, поради сè поголемиот интерес на кумановци за уличната уметност, изјави Трендевски.

Тој е дел од здружението „Форма Куманово“ кое во неколку наврати го организираше „Графити Фест Куманово“ на кој учествуваат цртачи од државава и земјите од Европа. Овој фестивал стана познат пошироко, а „Форма Куманово“ настојува на секој начин да го разубават градот и да поттикне да се развие оваа современа уметност и дел од урбаната култура

Слободните уметници од здружението од Куманово велат дека за разлика од претходните години, кумановската јавност има високо мислење за овој вид уметност. Муралите во Куманово ги има на повеќе локации, уметниците првин твореа на училишните згради „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, долж „Октомвриска револуција“. Уметниците од здружението особено внимание привлекоа со муралот на Блаже Конески, на голманот Столе Димитриевски, великанот Гоце Делчев и со муралот посветен на хероите од „Диво Насеље“, „Хероите живеат вечно“. Здружението „Форма Куманово“ досега работеше на повеќе проекти, исцртување мурали и графити низ целиот град. Според проценките во Куманово има над 500-тина мурали и графити.

Изложбата требаше да се одржи, минатата недела, а беше презакажана поради убиството на Вања.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

December 14th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *