Вести

Во затворот во Кшање отворено детско катче и нова фурна за производство на леб и печива со донација од Европска унија

Во затворот во Кшање отворено детско катче и нова фурна за производство на леб и печива со донација од Европска унија

Со донација од Европската унија и Советот на Европа во затворот во Кшање во Куманово направено е детско катче, кое ќе можат да го користат децата на затворените лица кога ќе доаѓаат на посета. Со играчки и мурали изработени од уметниците од Форма Куманово дечињата ќе можат да се чувствуваат пријатно кога ќе дојдат на посета, велат надлежните од затворот во Кшање.

  • Можеби е од мала материјална вредност детското катче но е од голема вредност за затворените лица и нивните деца. Оваа е дел од поширока рамка на поддршка која ја пружаат Европската унија и Советот на Европа за подобрување на условите во затворите. Интензивно работиме на градењето на капацитети и на условите во кои се наоѓаат затворените лица а во овој случај за подобрување на условите за нивните семејства, изјави Штефан Худолин шеф на делегација на Европската унија во Македонија.
Штефан Худолин шеф на делегација на Европската унија во Македонија
  • Го отвораме денес детското катче, а ја отвораме и фурната каде ќе се произведува леб и бели печива, со што во затворот ќе има заштеда и нема да купуваат леб. Се радуваме на идната соработка со локалната власт, затворите и нивните раководители за понатамошна помош која не е само материјално туку и системски и со правна поддршка, вели Худолин.
    Висината на донацијата е 17 000 евра.
Леб направен во затвор во Кшање
  • Предадена е донација фурна и детско катче за околу 90 деца кои ќе можат да го користат додека престојуваат во затвор. Детското катче е дел од имплементација за препорака на Советот на Европа за децата на лицата кои отслужуваат затворска казна. Во моментов во Европа има околу 2 милиони деца чии еден или двајца родители отслужуваат казна затвор, а тоа е многу тешка ситуација за децата, вели Тања Ракушиќ Хаџиќ, шеф на одделението за соработка во полицијата при директоратот за човекови права.
  • Оваа е трето детско катче во затворите во Македонија, едно е во Штип, а второто во Прилеп, вели Ракушиќ Хаџиќ.
  • Сакам да ги потсетам македонските власти дека сè уште преостануваат многу препораки од комитетот за спречување тортура кои чекаат на нивно спроведување и ги повикувам министерствата и политиките структури да работат на спроведувањето на овие препораки, кажа, Тања Ракушиќ Хаџиќ, шеф на одделението за соработка во полицијата при директоратот за човекови права.


Детското катче во казнено поправната установа во Куманово ќе значи многу за дечињата кои доаѓаат на посета, знаете каква е лоша приказната за затворите во Македонија. Соработката со Советот на Европа датира уште од 2006 година. Дополнително е значајно што финансираат и во едукација на персоналот во затворот и донесување на европските практики во затворите. Ние ќе настојуваме сите препораки да ги испочитуваме до крај, а тие навистина не се лесни, вели Јовица Стојановиќ, директор на управата за извршување на санкции.

За прв пат работиме во затвор и поинакво е. На наш предлог земавме инспирација од македонските цртани ликови. Како уметници ја имавме истата слобода на изразување но поинаква беше димензијата на работа и местото. Чувството и емоциите да го изработиме муралот за дечињата кои не се виновни и да се чувствуваат убаво и пријатно кога ќе дојдат да ги посетат своите родители, ни даде поттик да го изработиме овој мурал, велат уметниците Горан Стојанов и Младен Трендевски од Форма Куманово.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

December 13th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *