Вести

Пукање на паркинг во центарот на Куманово, едно лице повредено, нема жртви

Пукање на паркинг во центарот на Куманово, едно лице повредено, нема жртви

Пукање во центарот на Куманово на паркингот на Чоробенско ќоше

Во вооружен напад едено лице е повредено со две прострелни рани во двете нозе, потврдуваат од СВР и кумановската општа болница каде е хоспитализирано  повреденото лице.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово го потврдуваат инцидентот, но повеќе детали најавија за подоцна.

– Да има пријава за пукање во центарот на градот. Екипи на СВР Куманово се на терен и се врши увид, повеќе детали ќе следуваат во текот на вечерта, велат од кумановската полиција.

Од Болницата во Куманово информираат дека во 17 часот и 38 минути во ургентен хируршки центар е донесено едно машко лице со прострелни рани на нозете. Пружена му е терапија и е пренесен е на васкуларна хирургија во Скопје, информираше Биљана Ивановска, директорка на кумановската болница.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

December 5th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *