Вести

ВИДЕО- За пари се убиени и Вања и Панче, убиецот и организаторот на убиствата е во бегство

ВИДЕО- За пари се убиени и Вања и Панче, убиецот и организаторот на убиствата е во бегство

Мотивот за убиствата биле пари, велешанецот Панче бил убиен за 500 евра, неговиот автомобил одземен од убиците и искористен за грабнување на Вања. За Вања не биле барани пари, а информациите кога девојчето ќе излезе од дома организираната група добила од нејзиниот татко, кој пак во 11 часот пријавил во полицијата дека ќерка му е исчезната.

Според сознинјата, од страна на мајката имало продаден стан, и дека средствата од тој стан биле мотив на изнудата, но сите овие работи ќе ги провериме во текот на постапката“, рече Гаврил Бубевски во врска со случајот со убиствата.

Бубевски рече дека девојчето било грабнато во влезот на зградата. Му биле завржани рацете и нозете и во вреќа за спиење ставено во багажникот на автомобилот на претходно исчезнатиот и убиениот Панче.

Таткото на киднапираното па убиено 14-годишно девојче споделил со убијците информации кога и како Вања ќе излезе од дома, за организираната група од петмина да изнуди пари од мајката, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Токму со тоа возило е земена малолетничката и тоа во влезот од зградата односно од живеалиштето, откако претходно според исказите на осомничените, таткото споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување сама од дома“, кажа министерот Спасовски.

Организаторот на убиството кој според сите наводи веројатно е добро познатиот на јавноста,  кој министерот го нарече монструм, бил тој кој што пукал во неа.

„Главен организатор и извршител кој со пиштол на 27 .11, според досегашните утврдени докази, некаде околу 10 часот ја усмртил маллетничката, исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започната истрага после првата пријава за тоа стореното кривично дело. Можам да ветам дека ќе сторам се и јас и институцијата ова лице или овој монструм на кој му ја следиме трагата час поскоро штом стапне на наше тло да биде изведен пред лицето на правдата“ рече министерот Спасовски.

Тој извести дека ја следат трагата на организаторот кој избегал заедно со неговиот адвокат од државата прво за Белград , а потоа заминал за Бугарија. За него ќе биде распишана меѓународна потерница.

Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски објасни дека според исказите на приведените, организираната група решила да го убие девојчето, а потоа да бара пари од мајката. Точното време на убиството ќе се знае откако ќе ги добијат наодите од обдукцијата.

Во интерес на истрагата не се откриваат повеќе детали, се што кажале осомничените се совпаѓа, со повеќе детали ќе излеземе во текот на денот , рече Бубевски.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

December 4th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *