Вести
ВИДЕО- За една година треба да биде завршена првата фаза од изградбата на пругата Куманово- Бељаковце
Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски денес во работната посета на Куманово изврши увид во изградбата на пругата Куманово Бељаковце кај железничката станица Перо Чичо. Заедно со Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски разговараа и со изведувачите на пругата, по што Бочварски кажа дека првата фаза од пругата треба да биде завршена во Октомври 2024 година.
- Градиме нови патишта, градиме пруги, училишта и градинки, носиме мерки со кои ги штитиме граѓаните и компаниите. Оваа Влада покажа одлучност да ја започне најголемата инвестиција во железницата од незвисноста на Македонија. Изградбата на железничка пруга од Куманово до Крива Паланка и во следна фаза до границата со Република Бугарија, инвестиција од преку 700 милиони евра е сериозен чекор во развојот на регионалната железничка мрежа.
- Тргнувајќи од важноста на Коридор 8 како дел од европската транспортна мрежа, изградбата на оваа пруга е предуслов за одржлив економски развој не само за нашата земја, туку и за целиот регион. Денешната посета на оваа прва делница заедно со министерот Спасовски е доказ за тоа колку е важна оваа пруга, не само како инвестиција за Владата, туку како капитален проект кој ќе овозможи огромен општествен придонес за граѓаните, за стопанството и за целата држава.
- Денеска сме присутни на изградба на првата фаза односно делницата од Куманово до Бељаковце која е во должина до 31 километар. Инвестиција е во вредност од 40 милиони евра. Овде разговаравме со претставници од компанијата изведувач и со надзорот и сакам да истакнам дека сме задоволни од динамиката со која се изведуваат работите на терен. За втората фаза, од Бељаковце до Крива Паланка инвестираме 155 милиони евра за изградба на 34 километри нова пруга. Таму ги надминуваме сите предизивици што се јавуваат на трасата и веруваме дека со добра координација на сите инстиуции, на изведувачот, на надозорот ќе изградиме модерна пруга по сите стандарди. Тоа што можам оттука да најавам е дека до крај на годината очекувам да го распишеме и јавниот повик за изградба и на третата фаза односно од Крива Паланка до границата со Бугарија. Тендерската постапка е во сосема завршна фаза, очекувам многу брзо пратениците да ги изгласаат законите за заем од меѓународните финансиски иснтитуции, секако за оваа фаза имаме обезбедено и грант средства и со тоа да ја заокружуме финанисиската конструкција за изградба и на последниот дел од пругата. И ова е нашата примарна цел, да создадеме модерна железничка мрежа, која ќе овозможи брза врска кон соседните земји, но и да создадеме услови за економски раст олеснувајќи го транспортот на товар и патници и отварајќи нови можности за македонските компании. Иако гледам многу скепцитизам за железницата, морам да потенцирам дека наша обврска е да изградиме брзи пруги и да ја одржиме конкуренската позиција на двата главни коридори во државава и тоа коридор 8 и 10. Ја формиравме мешовитата комисија на Северна Макеоднија и Србија која започна да работи на плановите за изградба на брза пруга од Белград до Скопје со крак до аеродормот во Скопје. Завршивме со рехабилитација на дел од јужниот коридор 10 на потег од Неготино до Ноаевци. Тоа што е многу важно веќе во Собранието се изгласа Законот за либерализација во железничкиот сообраќај, процес со кој очекуваме да влезат нови оператори кои ќе возат по македонските пруги и со тоа да се зголеми конкуренцијата во товарниот сообраќај. И со сите овие проекти и мерки даваме силен инпут во создавање на нов железнички систем кој паралено ќе се развива и со другите желеници во регионот. Дополнително кога сме тука, инвестициите во патната инфраструктура се засилуваат на Коридорот 8. Привршуваме со проширувањето на третата лента од Крива Паланка до Деве Баир, експресниот пат Ранковце до Крива Паланка исто така е во завршна фаза, го завршивме Куманово Страцин и генерално создаваме нова слика на патиштата и во овој дел на државата. Нашата активност на терен продолжува, правиме силен притисок за побрза реализција бидејќи сите овие проекти носат значаен бенефит за економијата, за државата и за сите граѓани, кажа Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во Куманово.
Сузана Андоновиќ