Вести

Општината поставува бекатон на улици во населбата ,,Перо Чичо” во Куманово

Општината поставува бекатон на улици во населбата ,,Перо Чичо” во Куманово

Почна поставување на бекатон на улици во населбата „Перо Чичо“ во Куманово, информираа надлежните од Секторот за комунални дејности.

– Поставувањето на бекатон на оваа улица влезе во годишната програма. На овој начин ќе се обезбеди соодветен пристап на жителите до централните улици во населбата, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

Претходно заврши поставувањето на бекатон во улиците, дел од месната заедница „11 Ноември“ во близина на Итна Помош Куманово, каде што улиците се потесни. Покрај нив се реконструираа и улиците „Вуковарска“ и „Крсте Мисирков“.

Општина Куманово одвои околу десет милиони денари за поставување на бекатон во Куманово. За поефикасно изведување на градежните работи поради големината на градот, избрани се две компании за источната и западната зона кои ќе поставуваат бекатон на краци од улиците од централно градско подрачје и во приградските населби. 

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

November 30th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *