Вести
Куманово доби метеоролошка станица
Управата за хидрометеоролошки работи заедно со Министерство за земјоделие поставија автоматска метеоролошка станица во Куманово, во кругот на Регионалниот средношколски центар ,,Киро Бурназ” во Долно Којнаре.
Метеоролошката станица е поставена за потребите на целиот регион, а ќе се вршат мерења на температурата, влага на почва, појава на евентуални заболувања кај растенијата и присуство на штетници, информираше Сашо Стефановски, помошник на директорот на регионалниот средношколски центар Киро Бурназ.

Да се постави метеоролошката станица имало и неколку критериуми кои требало да бидат задоволени, вели Стефановски.
-Близина на градот I обработливи земјоделски површини се главен услов за добра локација на станицата бидејќи треба да даде релевантни податоци за состојба на посевите кои оваа станица ги мери, вели Стефановски.
Станицата ќе биде под раководство и контрола на Управата за хидрометеоролошките работи.

-Оваа метеоролошка станица е поставена со одобрение на министерството за образование и наука, а проектот е на министерството за земјоделие, информираше Весна Трајковска директорка на Киро Бурназ.

За потребите на наставата во училиштето за предметот агрометеорологија пред неколку години во училиштето е поставена мини метеоролошка станица која е поврзана преку софтверски систем на училиштето.
Сузана Андоновиќ








