Вести
ВИДЕО- Патишта и проекти за развој на туризмот се реализираа во општините од североисточниот регион во тековната година
Од две апликации, финансирани и одобрени од Бирото за рамномерен регионален развој во Североисточниот плански регион реализирани се неколку патни правци. Во Крива Паланка пат до „осички мост“, во Старо Нагоричане, општинската зграда, во Ранковце, канализациска мрежа, во Кратово имаше неколку претходни и нови активности. Реконструиран е „турскиот затвор“ и пешачки патеки на течението на реката, изјави Владимир Павловски од Центарот за развој на североисточниот плански регион (СИПР) Куманово.
Во тек е доуредување на задружниот дом во село Пчиња и село Матејче во општина Липково каде се реконструираат и улици.
Општина Куманово аплицираше со набавка на полуподмезни контејнери кои се поставени на повеќе локации, а Јавното претпријатие „Водовод“ доби повеќенаменско возило-багер.
– Потпишани се нови договори. Средствата се планирани 2023-та, а проектите ќе се реализираат наредната година. Едната е за животна средина, другата за развој на туризам, предвидени се активности насекаде во шесте општини. Има четири патишта во Ранковце, Кратово, Крива Паланка, Липково, во Старо Нагоричане реконструкција на постоечки објект во инфоцентар, Куманово ќе поставува полуподзмени контејнери како и возило за „Водовод“, изјави Павловски.
Според последните податоци, североисточниот регион е најмалку развиен во државата.
– Очекуваме најмногу средства од програмата за рамномерен регионален развој, изјави Павловски.
Сузана Андоновиќ