Вести

Во село Градиште и денес нема струја, а жителите чекаат и да се расчисти патот од снег

Во село Градиште и денес нема струја, а жителите чекаат и да се расчисти патот од снег

Жителите на село Градиште оддалечено дваесет километри од Куманово и денеска се без струја и со завеан пат информираше претседателот на месната заедница на село Градиште, Марјан Савковски.

Завеан пат во село Градиште

• Струјата делумно е поправена, нема две фази и дефектот не е целосно саниран. Екипите на ЕВН излегоа вчера на терен и ветија дека денеска повторно ќе дојдат. Патот не е исчистен, има снег и паднати гранки. Додека да дојдат да го исчистат патот ќе завее нов снег или ќе чекаме да се стопи. Учителката и децата пешачат повеќе од еден километар да стигнат до училиштето, вели Савковски.

• Мрежата е стара направена е во седумдесетите години, во летниот период никој не интервенираше да ги поправат дефектите во мрежата за електрична енергија. Едно маало во селото воопшто нема струја. А на останатите места нема две фази. Далеководот во Градиште и Кучкарево е поставен во шума и тука нема пат, тоа не може да биде изговор дека не е расчистен патот од снег да дојдат и да интервенираат. Проблеми има и во лето, бандерите се искривени и може да паднат, а од ЕВН се запознаени со проблемот, но не реагираат, вели Савковски.

Во селото живеат околу сто жители, а има шест ученика.

Од општината информирааа дека механизација е испратена во Градиште и дека патот се расчистува.

-Патот се расчистува од утрово и сите и екипите на ЕВН ќе можат да го санираат дефектот и житеите да имаат струја, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

November 28th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *