Вести

ВИДЕО- Општина Куманово ќе го реконструира подрачното училиште „Браќа Миладиновци“ во село Пчиња

ВИДЕО- Општина Куманово ќе го реконструира подрачното училиште „Браќа Миладиновци“ во село Пчиња

 Општина Куманово ќе го реконструира подрачното училиште „Браќа Миладиновци“ во село Пчиња, соопштија надлежните од општината и од училиштето.

Училишниот објект е во незавидна состојба и ќе се реконструира и внатрешноста и фасадата на училиштето.

– Во Пчиња учат 62 ученика. Потребна е реконструкција, бидејќи објектот е постар, училниците се големи, важно е да се преградат и да овозможиме учениците да учат во една смена, изјави директорката на училиштето, Јасмина Спасовска.

И претседателката на советот, Ивана Ѓорѓиевска кажа дека е важна санацијата на објектот. Жителите постојано упатуваат барање за санација на објектот.

– Во училиштето во Пчиња, учениците одат во две смени, огромни се училниците. Важно е училниците да се преградат, греењето ќе биде поекономично и сите ќе одат во една смена. И претходно одвојуваме средства два пати паѓаше тендерот, изјави Ѓорѓиевска.

Општината го објави тендерот кој предвидува замена на врата, прозорци, осветлување, фасада, внатрешно уредување, тоалет за ученици со попреченост. Покрај ученици од Пчиња, настава следат и ученици од соседните села Студена бара и Вакв. Училишниот објект датира од 1927/8 година, а 1955/56 година назначено е за осумгодишно училиште.

Лани, заврши изградбата на мултиспортското игралиште во ова село кое беше дел од изградбата на мултифункционални игралиште во неколку рурални средини во кумановско. 

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

November 27th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *