Вести

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со акција за пошумување на Студена вода

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со акција за пошумување на Студена вода

Унијата на млади сили на општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ Куманово утре ќе органиира акција за пошумување на локалитетот Студена вода со почеток во 10 часот. Планирано е да бидат засадени 365 стебла, информираше потпретседателот на УМС, Емил Димитриевски. Утрешната акција е само една од активностите кои што Унијата на млади сили од Куманово ќе ги реализира до крајот на годинава.

„Ќе засадиме 365 садници за секој ден од годината, ќе донираме средства во Црвен крст и пред нова годишна ќе го посетиме домот за стари лица „Зафир Сајто” со цел да поразговараме и да дадеме поддршка на највозрасните сограѓани. На крај на годината ќе организираме голема предновогодишна забава и во рамките на настанот ќе има проекција на краток филм во кој ќе биде прикажана работата на УМС од Куманово за 2023 година. Ќе завршиме со акција за доделување на новогодишни пакетчиња на најмладите во Куманово“, истакна Емил Димитриевски,потпретседател на УМС Куманово.

 „Доминантно е чувството на бесперспективност како резултат на целосната системска маргинализација на младите од страна на државната власт. Нашиот главен приоритет беше и останува УМС да биде предводник во борбата против неправдите и сите форми на дискриминација со кој се соочуваат младите во Македонија“, истакна Димитриевски.

Од Унијата на млади сили ги повикаа младите да земат активно учество во нивните активности, за да ги здружат силите, затоа што сметаат дека само така ќе може помладата генерација да се избори за подобра иднина на сите во Куманово и во Македонија.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

November 18th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *