Вести

Заврши реконструкцијата на ул. Благој Илиев Гуне“ во Куманово

Заврши реконструкцијата на ул. Благој Илиев Гуне“ во Куманово

 Заврши асфалтирањето на улицата „Благој Илиев Гуне“ во Куманово, соопштија денеска од секторот за комунални дејности. За асфалтирањето на улицата општината одвои над 5, 5 милиони денари. Вкупно се асфалтира површина од 3.600 и се поставува бекатон од 1.300 метри квадратни. Градежните работи ги изведува кумановска компанија.

– На оваа улица ќе се реконструираат и тротоарите со ивичници. Улицата е една од најстарите во градот и влезе во програмата за реконструкција, изјави помошникот раководител на секторот, Момчило Јовановски.

Во тој дел од Куманово, привршува и уредувањето на улицата „Киро Антевски“ , за што од општинскиот буџет се одвоени 1.760.000 денари.

Во населбата „Јане Сандански“ почна реконструкција на улицата „14“. Улицата никогаш не е уредена и влезе во годишната програма за изградба, реконструкција и санација.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

November 17th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *