Вести

Почина актерот Жарко Лаушевиќ

Почина актерот Жарко Лаушевиќ

По кратко и тешко боледување, денеска 15 ноември на 63 годишна возраст почина српскиот актер Жарко Лаушевиќ. Тажната вест ја соопшти неговата сопруга Анита Лаушевиќ.

„Јавноста ќе биде навремено известена за  датумот и местото на погребот“, се наведува во краткото соопштение.

Во 1993 година откако со својот брат е нападнат, во самоодбрана убива двајца од напаѓачите, по што е осуден на 13 години затвор. Подоцна оваа пресуда е укината по што тој е осуден за полесно дело и во 1998 година излегува на слобода.

Исплашен од крвна одмазда, Лаушевиќ се сели во САД каде ќе остане се до 2014 кога се враќа во Белград.

Актерот е роден на 19 јануари 1960 година во Цетиње, а дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Бил член на Југословенскиот драмски театар, каде играл улоги во голем број претстави.

На филм дебитирал во 1984 во филмот „Прогон“, а истата година остварува значајни улоги во филмовите „Савамала“ и „Директен пренос“.

Голема популарност добива со улогата на Шиља во телевизиската серија „Сиви дом“.

Во последните години играше важни улоги во доста ТВ серии меѓу кои и во „Калкански кругови“ и „Државен службеник“

Автор е на автобиографската книга „Годината минува – денот никогаш“ (Godina prodje – Dan nikad) по чии мотиви е снимена серијата „Пад“

Сузана Андоновиќ

фото ФБ

Radio Bum

November 15th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *