Вести

Се уредуваат патеките во Соколански парк

Се уредуваат патеките во Соколански парк

Во тек е реконструкција на патеките во Соколанскиот парк. Следува поставување на нова камен-тепих подлога, изградба на фонтана, нови канделабри, нови клупи и корпи за отпадоци, како и изградба на нови спортско-рекреативни содржини и игралишта. Се работи и на првата фаза од реконструкција на објектот Соколана, соопшти кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

За реконструкцијата на Соколанскиот парк и паркинг со спортско игралиште во комплекс на Соколана, како што е наведено на електронскиот систем за јавни набавки, општината од буџетот одвои речиси 13 милиони денари со вклучен данок на додадена вредност.

Неодамна почна реконструкција на дел од Соколана од Куманово. Како што појаснија надлежните, во моментов се заштитува статиката и се менува покривот.

-Средствата се околу осум милиони денари. Реконструкцијата ќе се спроведува во три фази. Со втората фаза е предвидено менување на столарија и изработка на фасада, а  третата е предвидена за внатрешно уредување на објектот, изјави претходно Димитриевски.

Распишана е и постапка за партерно уредување на уште едно игралиште во комплексот. 

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

November 13th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *