Вести

Концерт и повеќе културни настани по повод 11- Ноември, Денот на ослободување на Куманово

Концерт и повеќе културни настани по повод 11- Ноември, Денот на ослободување на Куманово

– Кумановци ќе имаат можност да проследат бројни културни и спортски настани во рамки на програмата по повод 11 Ноември – Денот на ослободување на Куманово, информираа од Фондацијата за култура и спорт.

Концерти, изложби, спортски турнири, свечена седница и полагање цвеќе се дел од програмата, која трае од почетокот на ноември.

– Во 19.30 часот во петок на 10 ноември е традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници“ во НУ Музеј. На градскиот плоштад е концертот кој секоја година се случува по повод Ден на градот, на кој ќе ни настапат и наши локални артисти Мартинијан Кириловски, кој ќе ја има таа чест да го отвори концертот, по него ќе настапат сопствениците на најголемиот хит во државата Пајак и Лара, за на крај ѕвезди на вечерта да ни бидат Туна и ДНК, изјави директорот на Фондацијата за култура и спорт, Марио Арангеловски.

Наредниот ден на Спомен-костурницата, бројни делегации од општината, државата и збратимени градови ќе положат цвеќе на Спомен-костурницата, а во 12 часот е свечена седница на Советот на општина Куманово, која ќе се одржи во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

November 9th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *