Вести
Замена на водоводни цевки во Младо Нагоричане
– Започна делумна реконструкција на водоводни цевки, замена на стари челични со нови цевки во Ѓорговци во должина од 1.400 метри. Реконструкцијата се прави после 30 години. Очекуваме бенефит да имаат жителите од Света Петка сè до Војник. Одвоени се 1,2 милиони денари, изјави заменик градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Бобан Цветановски.

Во општината се реализираат и други проекти, тампонирањето на патишта од Сув Ора до Карпино и од село Драгоманце до село Стрновац.
Сузана Андоновиќ








