Вести

Нови мерки за невработени лица и работодавачи во Агенцијата за вработување

Нови мерки за невработени лица и работодавачи во Агенцијата за вработување

Центарот за вработување Куманово ги повика работодавачите да се пријават за мерката субвенционирање на плати. На денешната прес конференција, надлежните од Центарот ги повика сопствениците на микро, мали и средни фирми, социјалните претпријатија и граѓански организации да ја искористат мерката и да придонесат за намалување на невработеноста во локалната заедница. Предност за оваа мерка имаат невработени ранливи категории граѓани, самохрани родители, млади до 29, жени, Роми, лица со попреченост, долгорочно невработени лица.

– Во рамки на ИПА проектот активација на ранливи групи на пазарот на труд, финансиран од ЕУ, врз основа на оперативниот план за вработување, усвоен од Владата на почетокот на ноември го објави огласот за субвенционирање на плати. Предвидена е финансиска помош од 19.000 денари на месечно ниво за шест месеци. После работофавецот има обврска да го задржат лицето во работен однос уште три месеци, изјави раководителката не Центарот, Марија Димитријевска.

Меѓу условите е рабодотавците да имаат вработено минимум едно лице на неопределено време, а социјалните претпријатија и граѓанските организации не мора да имаат вработено лица. Меѓу условите се и исплатени сите обврски, да не намалиле број на вработени.

Преку ИПА проектот објавен е и огласот за мерката обука кај познат работодавец со која е предвидено невработените да стекнат искуство преку обука за три месеци. Невработените добиваат 11.000 денари бруто износ, а работодавците по завршување на обуката, добиваат 25.000 денари по успешно обучено лице и се должни да го вработат ова лице најмалку шест месеци.

Преку овој проект тече и огласот за практиканство. Младите кумановци ја користат оваа мерка како и работодавачите кои обучуваат кадри за своите компании.

– Мерката е доста популарна. Невработените добиваат 11.000 денари бруто. Мерката нуди можност младите да се обучат и може да кажам дека често младите остануваат во компаниите каде се обучуваат, вели Димитријевска.

Тече и огласот за напредни ИТ вештини, за кој интерес пројавуваа младите невработени лица.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

November 3rd, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *