Вести

Отворен ден во Основен суд Куманово, најголем проблем во моментов малку судии многу предмети

Отворен ден во Основен суд Куманово, најголем проблем во моментов малку судии многу предмети

Основниот суд Куманово по повод Европски ден на граѓанска правда – 25 октомври, организираше отворен ден за граѓаните. Ученици од основни и средни училишта, адвокати, нотари, граѓани денес го посетија судот и директно разговараа со судиите и судската служба.

Судиите и вработените во судот одговараа на прашања на учениците кои се однесуваа на бројот на решени предмети и генерално за работата на судот.

Основниот суд Куманово е со проширена надлежност, постапува по сите видови предмети во граѓанска и кривична материја. По бројот на предмети и подрачјето кое го покрива и бројот на жителите во општините од североистокот овој суд е меѓу најголемите во државата, трет, веднаш по скопските, а според извештајот на Судскиот совет, Основниот суд Куманово последниве пет години е ажурен суд.

– Се соочуваме со недостиг на судии поради пензионирање и одлив на кадар. Судот согласно одлуката на судскиот совет треба да има 35 судии, а во моментов работиме со 18 судии и со еден судија од граѓански суд од Скопје кој е распределен на една година да ни помогне. Кандидати за судии за Куманово нема, последен избор за судии имавме пред 12 години, се поголем е бројот на предмети, а судии нема. Во прекршоци имаме само тројца судии, а еден судија има 1 000 предмети. Генерално покрај овој проблем ги покриваме потребите на граѓаните од регионот, изјави в.д.претседателката на Основен суд, Куманово, Снежана Манев.

Снежана Манев

Таа вели дека најголемиот проблем на Основен суд Куманово е мал број на судии, а голем број на предмети.

Судот по пожарот е целосно саниран, реконструирана е електрична енергија и вода, останува проблем со АКМИС систем кој не функционира на 55 отсто во судот и принудени сме да го користиме делот каде функционира. Се надеваме дека во скоро време ќе се обноват каблите и ќе работи во целиот суд, информираше Манев.

– Во пожар се изгорени само стари предмети, има формирано комисија во судот која има запишано што е изгорено во пожарот. Сите предмети од 2009 година се внесуваат во АКМИС систем каде електронски ги има сите предмети и документи.

Судската служба е добро покриена, недостигаат само дактилографи кои одат во пензија и се очекува да се добие дозвола за нови вработувања, наведуваат од Основниот суд Куманово.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

October 25th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *