Вести

КБК Куманово со сребро и бронза се врати од турнирот во БиХ

КБК Куманово со сребро и бронза се врати од турнирот во БиХ

Еден сребрен и еден бронзен медал освоија кик-боксерите на КБК Куманово 2006 од силниот балкански турнир што викендов се одржа во Босна и Херцеговина. Сребрен медал во тешка категорија освои Лука Велковски кој во финалето се сретна со Мишо Воркапиќ од Србија и во лавовска изедначена борба противникот од Србија победи на поени. Бронзен медал освои Јосиф Илиевски кој во полуфиналето се бореше со Алија Имамовиќ од Босна и Херцеговина и во тесна интересна борба загуби, но ги освои симпатиите на гледачите во преполната сала. До четвртфиналето стигна и Марко Бошковски кој загуби од Реѓеп Дамир од Црна Гора. Македонската експедиција беше прогласена за најуспешна на турнирот и освои дури 67 медали, 19 злата, 25 сребра и 23 бронзени медали од 16 клуба од државата.

– Со ова уште еднаш докажавме дека сме меѓу најсилните во регионот на чело со претседателот на КМФМ Дејан Митровски Урко и ние останатите тренери од другите градови со нашата упорна работа сме вистински спортски амбасадори на Македонија заедно со натпреварувачите, истакна тренерот на КБК Куманово 2006 Сашо Илиевски.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

October 24th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *