Вести

Приведен кумановец осуден на 11 години затворска казна

Приведен кумановец осуден на 11 години затворска казна

Триесет и петгодишен кумановец осуден на 11 години и два месеци затворска казна бил приведен во кумановско Доброшане.

Денеска (24.10.2023) во 10.30 часот во атарот на село Доброшане, кумановско, Оперативен тим Потраги и полициски службеници од ОКР Гази Баба го лишија од слобода лицето М.Ф.(35)  од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправна установа Затвор Идризово, каде бил осуден на казна затвор во траење од 11години и 2 месеци за сторени кривични дела по член 235, член 236 и член 239 од Кривичниот законик.

– М.Ф. ќе биде спроведен во казнено-поправната установа Затвор Идризово каде има за доиздржување 6 години, 6 месеци и 2 дена, информираат од полицијата.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

October 24th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *