Вести
Приведена кумановка што влегувала и крадела по куќи
На 23.10.2023 во 13.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З. (25) од Куманово поради основи на сомнение дека истиот ден влегла во две куќи во Куманово и одзела предмети и пари. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците. М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.
Граѓаните реагираат и велат дека сега приведената влегувала во куќи, а кога ќе ја видат сопствениците таа имала изговор дека си ја бара својата другарка.
Сузана Андоновиќ








