Вести

Во Куманово нема термини, нема доктори специјалисти а ќе нема ниту матични лекари му кажаа докторите на министерот Меџити во Куманово

Во Куманово нема термини, нема доктори специјалисти а ќе нема ниту матични лекари му кажаа докторите на министерот Меџити во Куманово

Проблемите во здравствениот сектор се големи, нема термини за пациентите, нема доктори специјалисти, а ќе нема ниту матични лекари, бидејќи си заминуваат од државата оваа денес му го кажаа на министерот за здравство Фатмир Меџити, матичните лекари од Куманово.

  • Имаме проблеми со упатите, бидејќи во лабораторија не ни ги прифаќа упатите, не можеме да ги внесеме резултатите. Нема термини, немаме доктори специјалисти, многу доктори си заминаа од државата и ќе останеме без матични доктори , ќе нема кој да не лекува ако не се смени системот за работа на матични лекари, вели Светлана Јаневиќ, матичен доктор.
  • Нема доктор специјалист уролог во кумановската болница, а позитивно е што е проширена листата на лекови кои може да ги препише матичниот доктор за кои беспотребно ги испраќавме пациентите кај специјалист, вели докторка Биљана Дејановска.

Новините во примарната здравствена заштита функционираат одлично, кажа во Куманово министерот за здравство Фатмир Меџити. 

  • Со матичните лекари во здравствениот дом Куманово разговаравме за вториот чекор од реформата  во примарна здравствена заштита. Поточно за лабораториски упати кои сега можат да ги издаваат матичните лекари. Од почетокот на мерката од септември се издадени 21 206 упати за лабораторија, а матичните лекари имаат препишано близу 70 000 рецепти за 48 500 пациенти. Следен чекор во реформите  која ќе ја имплементираме е целосно напуштање на хартијата и воведување на електронски картон за следење на пациентите во примарна здравствена заштита, кажа Меџити во Куманово.
  • Како министер за здравство ќе продолжам да се залагам за трансформирање на здравствениот систем во насока на модернизирање и интегрирање на услугите за доброто на пациентите. Матичните лекари сега ќе можат да издаваат рецепти за хронична терапија за пациентите, кажа Меџити.

Заедно со министерот Меџити, во посета на Здравствениот дом беше и специјалната претставничка на СЗО за Северна Македонија и шеф на канцеларијата на СЗО, Ане Јохансен.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

October 19th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *