Вести

Кој и зошто ја разреши директорката на Општа болница Куманово

Кој и зошто ја разреши директорката на Општа болница Куманово

Нема одговор зошто по само еден месец од назначување на директорско место е разрешена новата директорката на Општа болница Куманово, Биљана Ивановска. Министерот за здравство Фатмир Меџити кој денеска за прв пат дојде во посета на здравствен дом Куманово не ја знаеше причината. Тој кажа дека службите ке го дадат одговорот.  А службите од вчера не одговараат на прашањата.

  • Не ме интересира кој е и од која политичка партија доаѓа, сакам да бидат стручни и професионални директорите, јас ги разрешив и директорите на Болниците во Бардовци , а во Тетово директорот си даде оставка.

На новинарско прашање дали Ивановска не е стручна да менаџира со Болницата во Куманово, тој кажа дека службите ќе ги дадат деталите.

  • Нема да дозволам ниту мобинг, а вие ќе видите работи кои досега не сте ги виделе, вели министерот Меџити.

По само еден месец од назначување на Биљана Ивановска за директорка вчера таа беше разрешена , а на нејзино место директор е назначен Фати Исмаили.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

October 19th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *