Вести
„Кажи не на дрогата-да на животот“, превентивни активности на МВР во основното училиште „Толи Зордумис“
Отсекот за превенција при СВР Куманово во основното општинско училиште „Толи Зордумис“ од Куманово, реализираше едукативна работилница „Кажи не на дрогата-да на животот“, посветена на превенција од зависностите од дрога. Во рамки на работилницата, учениците беа запознаени со повеќе аспекти од превенцијата и спречувањето на зависностите од дроги и психотропни супстанци кај младите, за законските реперкусии и други последици што произлегуваат од користење и трговија со дрога, информираат од полицијата.
Сузана Андоновиќ








