Вести
Голем пожар во Шупли Камен
Според информациите на Центарот за управување со кризи, пожарот избувнал вчера околу 17:45 часот, но во овој момент се уште е активен и пожарникарите се уште се на терен, информираа утрово од центарот.
Според сведоштва на мештаните, пожарот се доближил на педесетина метри од куќите, но натчовечките напори на пожарникарите и месното население спречиле катастрофа.
Во предпладневните часови пожарот е изгаснат информираат од Центарот за управување со кризи.
Сузана Андоновиќ








