Вести

Димитриевски од Спомен Костурница: Денес по 82 години сме исправени пред нови искушенија

Димитриевски од Спомен Костурница: Денес по 82 години сме исправени пред нови искушенија

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски денеска се обрати на централното одбележување на празникот „11 Октомври“ на Спомен Костурница.

Тој кажа дека денес по 82 години сме исправени пред нови искушенија. 11 Октомври претставува инспирација и поттик за надминување на сите поделби преку меѓусебна почит и несебично пријателство, кои ќе ни обезбедат напредок и успеси, без потенцирање на личните интереси,за доброто на сите, со цел да функционираме слободно во сопствената слободна и демократска држава, мотивирани и во понатамошниот период да чекориме достоинствено само напред.

-Денеска со должна почит традиционално го чествуваме 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ. 11 Октомври е симбол на македонската борба за слобода, ден кога се поставени темелите на македонската државност.

Овој датум, а и 1941ва засекогаш ќе останат врежаниво историјата на македонскиот народ, која ни ја донесоа храбрите борци од Козјачкиот, Карадачкиот и други партизански одреди , кои ги карактеризираше храброст и одлучност во несебичната намера да ни обезбедат слобода. На 11 октомври 1941 година започна востание како израз на револуционерните тенденции на македонскиот народ, обединети во заедничка и единствена намера за слобода во независна држава.

Првата пушка во Македонија одекна од борбените и храбри Куманово и Прилеп, со единствена и непоколеблива мисла – да се изборат за слобода на македонскиот народ и сите граѓани кои што живееја во Македонија. Од првите партизански одреди кои ја започнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија во четиригодишната војна прерасна во храбра и бројна армија.На 11 октомври 1941 година Македонија го започнакрвавиот пат на борба против фашизмот и нацизмот. Одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година ни донесоа остварување на желбатаза основање на македонска држава.

Сето ова претставува поттик да ги чествуваме хероите кои ги дадоа своите млади животи за слобода: Христијан Карпош, Магдалена Антова, Бајрам Шабани и многу нивни соборци.

Вистински се гордееме со Куманово, кое создаде богата историја како револуционерен и херојски град,шаренолика мултиетничка средина со обележје на квалитетен соживот и долгогодишно успешно функционирање на бројни етнички заедници кои што живеат во него.

 Денеска достоинствено одбележуваме 82 години од историското народно востание и денеска гордо се сеќаваме на борците-учесници во вооруженото антифашистичко народноослободително востание, кои извојуваа слобода за сите нас. Денеска се поклонуваме преднивната решителност, храброст и пожртвуваност за слобода и создавање на самостојна, суверена и независна држава.

На денешниот голем празник за Македонија, како симбол на идеалот за слободата и правдата, придобивките од македонската револуционерна борба не потсетуваат и обврзуваат да продолжиме по патот на правдата и вистината, градејќи современа, демократска и правна држава, во која секој граѓанин ќе добие еднакви можности за достоинствен и убав живот, живот каков што заслужува.Нашите претци не задолжијасебично и внимателно да го чуваме ова скапоцено парче земја, кое тие ни го подарија,положувајќи ги своите животи, а денеска истите почиваат овде.

 Денес по 82 години сме исправени пред нови искушенија. 11 Октомври претставува инспирација и поттик за надминување на сите поделби преку меѓусебна почит и несебично пријателство, кои ќе ни обезбедат напредок и успеси, без потенцирање на личните интереси,за доброто на сите, со цел да функционираме слободно во сопствената слободна и демократска држава, мотивирани и во понатамошниот период да чекориме достоинствено само напред.



Почитувани,
Имајќи ја во предвид, актуелната состојба во државата, силниот надворешен напад на македонскиот идентитет, високото ниво на корупција, економската и социјална криза, енергетската криза, високото ниво на инфлација, неефикасноста на институциите и друго ние мора похрабро да исчекориме кон брзи и ефикасни методи, со цел да овозможиме подобар стандард за нашите граѓани. Оваа генерација на политичари има обврска тоа да го стори за својата и за нашата држава. Во оваа прилика би сакал да истакнам неколку од нив:


-Македонија со висок степен на национална свест, зачувување на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја.

– Македонија, држава во која правдата ќе е еднаква за сите.


– Македонија самооддржлива држава, особено во делот на енергетиката и производството на храна.


– Македонија со високо изразена слобода и еднаквост за сите нејзини граѓани.


– Македонија со меѓуетничка толеранција и соживот, Македонија држава, која гради мултиетничко општество, а не биетничко.

За ова е потребен, почитувани мои, општ консензус на сите политички чинители, но пред се обединување на македонските граѓани и взаемно почитување на сите заедници.Нашата борба и залагања за европските вредности и за влез во европското семејство, мора да бидат достоинствени и издржливи, на начин како што му доликува на секој горд народ, кој има своја историја,традиција и обичаи.Со должна почит, од ова место сакам да Ве повикам со заеднички и сплотени сили неуморно да работиме на развојот на нашата држава, носејќиважни и неопходни одлуки, кои ќе ни донесат стабилност и сигурност и влез во Европската Унија.

11 Октомври е македонската историја и традиција, како и поттикво залагањата за социјално и национално ослободување. Симбол, гордост и традиција на македонскиот народ во остварувањето на подобра сегашност и иднина за генерациите, кои допрва доаѓаат. На младите, кои се иднина на секое напредно општество,им останува светата обврска  да ја чуваат Македонија слободна, суверена и независна.

На овој ден треба да се гордееме на светлата визија, храброста, пожртвуваноста на хероите,нивната желба за слободна и самостојна Македонија, почитувајќи го нивното животно дело.

Придобивките од македонската револуционерна борба се само наши, затоа непоколебливо да продолжиме да градиме држава, која ќе биде современа и демократска, правна, со еднакви можности за сите нејзини граѓани.

Нека ни е среќен и вечен големиот празник, 11 октомври, Ден на народното востание на македонскиот народ!

Да живее Куманово!

Да живее Македонија!

Интегрално, обраќање на градоначалникот на општина Куманово на Спомен Костурница.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

October 11th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *