Вести
Фирма за одржување на стамбени згради ,, Стамбен домар” со одземена лиценца нелегално им наплаќала на граѓаните на парагон блок
Со одземена лиценца од Регулаторната комисија за домување од февруари на фирмата ,, Стамбен домар” од Куманово таа продолжила да им наплаќа нелегално на станарите со парагон блок , информираше претседателот на регулаторната комисија за домување, Зоран Маџовски. Тој вели дека фирмата која сè уште е активна, била откриена од инспекторите за домување за проневера на пари од резервниот фонд, средства на граѓаните кои требало да се вложат за реконструкции и санации на заедничките делови од зградата, ги нема.
„Ние како Регулаторна комисија и Општина Куманово ќе ги активираме сите други институции со цел да се спречи тоа девијантно дејствување и да се покренат соодветни мерки за да се казни или донесат активности од институциите за да се спречи такво нешто“, информира Зоран Маџовски, претседател на Регулаторна комисија за домување.
Комисијата во моментов има издадено 63 лиценци за управување со колективно домување на ниво на земјава. И од Секторот за инспекциски надзор од Куманово потврдуваат дека кај нив постојано пристигаат поплаки за резервниот фонд но и за други прашања.

Бобан Бојковски, раководител на секторот за инспекциски надзор во општина Куманово вели дека по постојани поплаки од граѓаните на фирмата ,, Стамбен домар ” им е одземена лиценцата за работа.
-Поднесена е иницијатива до Организиран криминал, Финансова полиција, УЈП, Јавно обвинителство и поднесени се две иницијативи до пазарна инспекција. Побаравме одговор од сите наведени институции кој е одговорен да им ја блокира сметката и да не можат повеќе да земаат пари од граѓаните. Никој од институциите не се изјасни како надлежен и до денес немаме одговор, а тие продолжуваат да ги лажат граѓаните и им земаат пари преку парагон блок, а граѓаните не знаат дека тоа е нелегално и им плаќаат. Треба да се стави крај на такво нелегално работење, вели Бојковски.
Сузана Андоновиќ








