Вести

Димитриевски вечерва во Скопје ќе ја промовира новата политичка партија Знам- за наша Македонија

Димитриевски вечерва во Скопје ќе ја промовира новата политичка партија Знам- за наша Македонија

Во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, вечерва во 20 часот ќе се одржи промоција на нова политичка партија ЗНАМ – За наша Македонија, на градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.

Актуелниот градоначалник на општина Куманово и идејниот творец на граѓанското движење Максим Димитриевски, ги поканува поддржувачите, пријателите и граѓаните да се придружат на граѓанската иницијатива и да присуствуваат на настанот по повод Иницијативата за формирање на новиот политички субјект на македонската политичка сцена, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, вечерва со почеток во 20 часот во хотел Холидеј Ин во Скопје.

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија има за цел да ги смени работите во државата, да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните, и да се стави целосно во служба на Македонија, се вели во соопштението испратено до медиумите.

На настанот се предвидени обраќања на говорници, како и потпишување на Иницијативата од страна на претставници на сите 10 граѓански здруженија од Македонија, заедно со идејниот творец на граѓанското движење, Максим Димитриевски.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

October 9th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *