Вести

„Одлучувач“-Подобрување на животните искуства на возрасни лица со посебни потреби за учење, обучувачи и родители преку поддржано донесување одлуки“

„Одлучувач“-Подобрување на животните искуства на возрасни лица со посебни потреби за учење, обучувачи и родители преку поддржано донесување одлуки“

Педесетина учесници, сопственици на компании, професионалци кои работат на полето на попреченост, волонтери од невладини организации, членови на јавни институции, наставници од основни училишта, ученици, лица со интелектуална попреченост и нивните родители, присуствуваа на завршниот настан од проектот „Одлучувач“-Подобрување на животните искуства на возрасни лица со посебни потреби за учење, обучувачи и родители преку поддржано донесување одлуки“ кој се одржа во Куманово.

На настанот експертите укажаа колку е важен дигиталниот свет за социјалната вклученост и развој на лицата со интелектуална попреченост и како да се поддржат овие луѓе и да се вклучат во општествениот живот и пазарот на труд благодарение на ИКТ алатките и „Одлучувач“ апликацијата.

Организаторите на проектот „АктивУМ“, информираа дека проектот е поддржан од програмата Еразмус + K204-Стратешки партнерства образование за возрасни.

-Целта на настанот беше да се презентира проектната идеја, целите, постигнатите резултати, развиените програми за обука и достапни материјали. Присутните ги проследија позитивните страни на ИКТ алатките од примената во самостојното и независното донесување одлуки на лицата со попреченост. Користејќи дигитална технологија лицата со интелектуална попреченост можат и треба да донесуваат самостојни и независни одлуки поврзани со нивниот живот, велат од „АктивУм“.

Сузана Андоновиќ, радио Бум

Radio Bum

October 9th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *