Вести

ВМРО ДПМНЕ – Болницата во Куманово е со постојана блокада на сметката, условите за работа и за пациентите се никакви,  потребен е рестарт на здравствениот систем

ВМРО ДПМНЕ – Болницата во Куманово е со постојана блокада на сметката, условите за работа и за пациентите се никакви, потребен е рестарт на здравствениот систем

Централната комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ одржа состанок со здравствените работници од Куманово на која беа потенцирани проблените со кои секојдневно се соочуваат тие заедно со пациентите.

-Недостаток на здравствен кадар на сметка на ненаменско вработување на административен кадар, болницата е постојано со блокирана сметка, лоша инфраструктура на болничките оддели, на хирургија амбулантските простории за хронични прегледи се одземени, а сите амбулантски прегледи на хирургија и ортопедија се сместени во еден мал објект во несоодветни просторни услови. Нема воведување нови здравствени услуги и тераписки процедури. Недостасуваат основни средства за работа како: локални анестетици, конци за шиење на мали рани во итна амбуланта, гипс за имобоилизација на фрактури кои пациентите се принудени да ги купуваат приватно. Заради неодржување во повеќе оддели има протекување на кровната конструкција при обилни дождови.

Целосна маргинализација на ЈЗУ во Куманово што е регионален здравствен центар кој ги сервисира со секундарна здравствена заштита oпштините Крива Паланка, Кратово, Липково, Старо Нагоричине. Ваквата слика и неодговорност во ЈЗУ во Куманово е пресликано во сите други градови и затоа неопходен е рестарт на здравствениот систем. Заедно со здравствените работници и пациентските здруженија на ваквите отворени средби ќе предложиме решенија и проекти кои ќе бидат преточени во изборната програма и ќе значат унапредување на здравствениот систем, велат од комисијата.

„Овој начин на работа го форсираме и стимулираме поради тоа што така добиваме најмногу и најблиски информации од терен, што точно се случува во регионите и градовите по прашањата на здравствениот систем. Комисијата за здравство е прилично активна во сите градови и се наметнува како коректор на актуелните политики во здравството и сето она што ние го сугерираме и наведуваме, практично го гледаме денеска во јавноста“, истакна д-р Игор Николов, претседател на комисијата.

Николов смета дека има големи аномалии и деформитети во здравствениот систем, кои ги трпат пациентите, како што се во битолската болница, на онкологија, пациентите со дијабетис, ретки болести, цистична фиброза.

-Комисијата за здравство е отворена за сите и сите се добредојдени со предлози и сугестии за новата програма за здравство, кажа Николов.

Доктор Стефан Трајановски вели дека како регионална општа болница, центар во делот на секундарна здравствена заштита со опфатот од близу 200 илјади жители мора да се заживее здрaвствениот систем во сите негови сегменти: примарниот, секундарниот и терцијарниот. Од терен сега ќе почнеме да ја спремаме идната програма и која ќе ја реализираме.

 „Функцијата на Општа болница Куманово е да го растерети терцијарниот- Клиничкиот центар Скопје, во поглед на опфат на соодветна патологија од секундарната здравствена заштита. Фокусот на мојата работа ќе биде да се наметнат проекти за проширување на здравствени услуги кои ги пружа Општа болница Куманово и Здравствен дом Куманово т.н. Уред, во однос и на дијагностиката и во поглед на терапијата. Ќе се обидам да ги пополниме недостатоците во кадровските и техничките капацитети. Мал број на ренгенолози, анестезиолози, трансфузиолози, немаме торокален хирург, васкуларен хирург, неурохирург, немаме магнетна резонанса, компјутерска само една другата е неисправна. Пациентите се сведоци дека многу се чека за термин дали кај специјалист или дијагностичка процедура. “, вели Трајановски.

Доктор Трајановски за младите доктори вели дека не е доволно да ги задржиме во здравството само ветување за повисоки плати, тоа е битен сегмент, неспорно , но најбитно е во каков систем тој млад колега ќе го ставите, вели Трајановски.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

October 6th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *