Вести

Гитаријада, филм на отворено и Куманиум само дел од празнична програма за денот на востанието 11 Октомври

Гитаријада, филм на отворено и Куманиум само дел од празнична програма за денот на востанието 11 Октомври

Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово со поддршка на градоначалникот и Советот на општината, ќе организираат повеќе настани по повод 11 Октомври, денот на востанието , информираа денес од фондацијата.

Одбележувањето на празникот, како што информираше Марио Арангеловски, директорот на Фоданцијата ќе започне на 10 ти октомври со фестивалот Арт Атак (Art Attack) .

– Тоа е фестивал кој подразбира сплотување на неколку уметности. Годинава одлучивме да бидат филмската уметност и електронската музика, така да имаме три ди-џеј сета, од Мамба квин, Дадо и Мамли и Шалајко, а ќе имаме и проекција на филм, за прв пат кино на отворено со филмот „Снежана на крајот умира“ во кој играат двајца актери од Куманово, изјави Арангеловски.

Филмот ќе се проектира на плоштадот каде ќе има „лејзи бег“, а граѓаните ќе можат да си понесат работи кои ќе им овозможат поголем комфорт, додаде Арангеловски.

-На „11 Октомври“ во 10 часот ќе биде положување на свежо цвеќе на Спомен Костурница.

Од 10 до 13 часот, на плоштадот „Нова Југославија“ ќе се одржи и изложба на „олд тајмери“.

Пред Центарот за култура ќе се одржи фестивалот „Куманиум“ наменет за најмалите со многу аниматори и маскоти од популарни цртани филмови и видео игри, ќе имаме перформанс на жонглер од Скопје, ќе имаме караоке шоу и триенална изложба на ликовни дела од Детскиот ликовен камп „АСНОМ“, делата од изминатите три години ќе бидат изложени на плоштадот „Маршал Тито“.

Вечерта на 11 октомври ќе се одржи и годинешното издание на Гитаријада, со богата музичка програма.

– Гитаријадата ќе ја отворат кумановци, односно „Беседа“, a по нив ќе настапат гости од Ниш од бендот „Его“ и ,,Негатив“ со Ивана Петрес , како еден бенд кој верувам дека кумановци го обожаваат. Се надевам дека самата програма ќе предизвика интерес кај сите граѓани, се потрудивме сите фестивали да имаат разновидна програма за да привлечеме внимание на сите категории на луѓе, додава директорот на Фондација за култура и спорт Марио Арангеловски.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

October 6th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *