Вести

Полицијата казнила 335 возачи во Куманово,најмногу казни за брзо возење

Полицијата казнила 335 возачи во Куманово,најмногу казни за брзо возење

Во текот на изминатата недела, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 335 возачи, од кои 202 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 72 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 49 за управување возило без возачка дозвола и  12 за нерегистрирано возило.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од полицијата.

Radio Bum

October 6th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *