Вести

Одбележана неделата на децата и светскиот ден на учителот

Одбележана неделата на децата и светскиот ден на учителот

По повод Детската недела и Денот на учителот, здружението на просветни работници од Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски и секторот за образование организираа настан на кој присуствуваа над 250 првачиња од сите 16 општински училишта од градот заедно со своите наставници и директорите.

Дечињата имаа можност да му постават прашања на градоначалникот и да се претстават со своите лични творби.

-Многу повеќе домашно воспитување и семејството да биде на прво место, им порача градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски во честитката упатена по повод неделата на детето и светскиот ден на учителот.

Ние како родители треба да ја исполнуваме основната обврска и да се посветиме на нашите деца. Да ги оставиме на страна трендовите на современото општество. Образованието почнува токму од домот, да се грижиме едни за други и секако да се заблагодариме на образовниот кадар, на учителите, бидејќи тие ја оставаат најдлабоката трага во нашиот раст и развој и се составен дел на нашето секојдневно образование и едукација, изјави Димитриевски.

-По повод детската недела ги поканивме најмалите, првачињата од нашата општина да учествуваат на настанот и да му постават прашања на градоначалникот, изјави Анита Димовска, претседтаелка на Здружението на просветни работници Куманово.

Детската недела традиционално се одбележува секоја прва недела во месец октомври, a годинава се совпаднала со Светскиот ден на учителот.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

October 5th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *