Вести
Повторно се чистеше дивата депонија кај Туш
Уште една акција за чистење на „дивата“ депонија кај местото ,,туш” пред населбата „Перо Чичо“ се одржа денеска во Куманово. Екипи на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, механизација од приватни компании, екипи на Македонски железници кои работата на пругата учествуваа во акцијата.
– Повторно се чисти оваа депонија и за жал денеска сме тука, во соработка со Македонски железници, фирмата која изведува градежни работи на локација на пругата. Упатуваме апел граѓаните да се воздржуваат од фрлање отпад. Информациите кои стигаат до нас е дека депонијата ја создаваат т.н дави превозници, мотокултиватори при собирање отпад од домаќинствата. Несовесни граѓаните ја користат локацијата за да го исфрлат сметот, иако имаат можност да одлагаат смет и на самата градска депонија по повластена цена. Тука имаше и детско катче се надевавме дека ќе се одвратат од намерата за одлагање на отпадот, изјави директорот на ЈП, Даниел Стојчевски.

Претпријатието поставило повеќе контејнери на долната страна кои во неколку наврати првин биле оштетени, а после и опожарени. Од претпријатието велат дека не е проблем да се чисти тукушто постојано се чистат исти локации како оваа. Тие додаваат дека претходно организирани акции за собирање на кабаст отпад не дале резултати. Додека зборуваа на настанот, граѓани кажа дека дивите превозници постојано се тука и дека наводно имале дозвола за исфрлање на смет.

Претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска, пак рече дека заедно со советници, невладини, инспектори, комунални редари ќе излезат на терен да ги едуцираат овие граѓани.
– Не може Куманово да биде злаожник на мала група луѓе. сега секаде се бараат работници, може да се најде работа, жителите од „Октомвриска револуција“ се жалат дека прозорец не можат да отворат. Мора суштински да се реши проблемот.
Претпријатието најави собирање кабаст отпад во наредниот период.
Сузана Андоновиќ








