Вести
Пожарникар повреден при гаснење на пожар на стовариште во Доброшане
Пожарникар од територијална противпожарна екипа Куманово бил повреден при интервенција на гаснење на пожар кој вчера избувнал на стовариште во Доброшане, информираат од полицијата.
- На 01.10.2023 во СВР Куманово било пријавено дека во 14.15 часот во с.Доброшане, кумановско, настанал пожар во стовариште на приватна фирма. Екипа на Територијалната противпожарна единица го изгаснала пожарот, а при гаснењето на пожарот еден пожарникар се здобил со повреди и бил пренесен во Општа болница Куманово за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Сузана Андоновиќ








