Вести
Вечерва започнува фестивалот „Денови на комедија“
Комедијата „Синиот портокал“ на Театар Велес ќе го отвори 26-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.
На отворањето се очекува свое обраќање да има и министерката за култура,Бисера Костадиновска-Стојчевска .
Годинава Актерот и режисер Коле Ангеловски ќе го добие признанието Васил Иљоски како лауреат на годинешното издание на Денови на комедија.
Свои настапи на фестивалот ќе имаат театрите од Штип, Пирот (Србија), Винковци (Хрватска), Театар Комедија, Театар Лесковац, тетовскиот, Ловеч од Бугарија, Драмски театар Скопје, а како и секоја година традиционално последната претстава ќе биде на домаќинот, Театар Куманово.
Новитет годинава е што ќе има дополнителна претстава со која ќе се затвори фестивалот на 15-ти октомври. Станува збор за претставата „Обвинителка“ пред чија изведба ќе бидат доделени наградите за најдобрата претстава, актери и сценографија од ова издание.
Сузана Андоновиќ








