Вести
ТАЖНА ВЕСТ: Почина Весна Крстева новинар и уредник во националното радио Канал 77
Почина Весна Крстева (57), новинар и главен уредник на Канал 77.
- Новинарството е професија во која Весна целосно ја предаде својата личност и преку проектот кој и’ ја даде целата новинарска слава со циклусот емисии „Судбо, моја судбино“. Преку неа откри многу мали-големи луѓе, зборуваше за животот и нивната судбина, животниот пат. Беше вљубеник во литературата, извонредно ги паметеше настаните и луѓето, објавија од канал 77.

Погребот е утре (27 септември) на Градските гробишта во Штип во 13 часот. Семејството на Весна ќе прима сочувство во Градската капела од 12 до 13 часот.
Сузана Андоновиќ








