Вести

Започнуваат градежните активности за реконструкција на малиот плоштад кој ќе се спои во целина со големиот плоштад

Започнуваат градежните активности за реконструкција на малиот плоштад кој ќе се спои во целина со големиот плоштад

Поставена е заштитна ограда на малиот плоштад во Куманово со што започнуваат и градежните активности за реконструкција.

Големиот и малиот градски плоштад во Куманово ќе се спојат и дел од улицата ќе биде затворена за сообраќај и ќе има пешачка зона. Активностите се дел од проектот за реконструкција на мал градски плоштад.

Од секторот за урбанизам при општина Куманово информираа дека на малиот плоштад ќе се менува подлогата, предвидена е замена на урбаната опрема канделабри, клупи, жардинери, осветлување, акцент ќе се стави на спомениците. Улицата која ги двои двата плоштада и која во моментов се користи за сообраќај ќе се менува, ќе биде поставена подлога за да има целина со зоната на малиот плоштад. Во иднина возачите ќе ги оставаат возилата на катната гаража и кај „скопски дуќани“.

За овој проект општината ќе потроши 47,5 милиони денари.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

September 25th, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *