Вести

Полицијата  казнила  304 возачи на територија на Куманово во изминатата недела

Полицијата казнила 304 возачи на територија на Куманово во изминатата недела

За поголема брзина од дозволената, возење под дејство на алкохол, без возачка дозвола и нерегистрирани возила полицијата казнила 304 возачи на територија на Куманово, информираат од МВР.

  • Во текот на изминатата недела, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 304 возачи, од кои 213 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 52 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 29 за управување возило без возачка дозвола и 10 за нерегистрирано возило. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од полицијата.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

September 22nd, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *