Вести
Превозниците реагираат за превоз на децата во Студена Бара велат дека за учениците е платен линиски, а не школски превоз
Реакција за превоз на учениците од Студена Бара директно и од превозниците. Велат дека децата се возат со линиски превоз. Дневно од ученик за превоз тие добиваат по 80 денари, што значи дека на превозниците не им е платено да активираат школски превоз.
Превозниците велат дека децата учат во две смени. По состанокот со претставниците во општината постигнат е договор за измена на линискиот ред. Законски каде е регулиран општинскиот линиски превоз, децата треба да се возат со линиски, а не со школски превоз, информираат превозниците.
Сузана Андоновиќ
фото Кумановски муабети