Вести

Општина Куманово ќе го корегира линискиот превоз во Стдена Бара, во интерес на учениците.

Општина Куманово ќе го корегира линискиот превоз во Стдена Бара, во интерес на учениците.

Општина Куманово ќе го корегира линискиот превоз во Студена Бара за учениците кои настава изведуваат во основно училиште Браќа Миладиновци во село Пчиња.

  • Запознаени сме со проблемот во врска со превозот на учениците од ООУ “Браќа Миладиновци” ПУ с. Студена Бара кои настава изведуваат во ПУ во с.Пчиња. Во општината е одржан состанок со превозниците, при што е договорена корекција на линискиот превоз на оваа релација, во интерес на учениците, информираат од општината.

Ученици од кумановското село Студена Бара користат линиски, наместо школски превоз до соседното село Пчиња. Родителите бараат овој проблем да се надмине, бидејќи линискиот превоз не соодветствува со почетокот и завршувањето на училишните часови. Во изјавата за медиумите, тие посочија дека нема да ги пушат децата на настава. Сега, учениците доцнат на часовите поради немање превоз, а за дома чекаат повеќе од еден час . Двете села се оддалечени три и пол километри.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

September 21st, 2023

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *